Во Здравствениот дом Неготино вчера беше примен мобилен мамограф донација од бугарската Влада, по програмата „Бугарска помош за развој“ на бугарското Министерство за надворешни работи. Донацијата беше испорачана од првата дипломатка на Бугарија Теодора Генчовска и примена од министерот за здравство на РС Македонија Беким Сали.

На настанот беа присутни уште, заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, пратеникот во бугарскиот парламент Тошко Јорданов, амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов заедно со неговата сопруга Билјана, генералниот конзул на Бугарија во Битола Димитар Иванов, директорот на Бугарската информативна агенција (БТА) Кирил В’лчев и други дипломати од бугарската амбасада во Скопје.

„Заедно со амбасадорот г-дин Ангел Ангелов и министерката за надворешни работи на Бугарија г-ѓа Теодора Генчовска денеска учествувавме во приемот-испораката на овој апарат чија вредност е 140.000 евра. Со оваа дијагностичка процедура им приоѓаме на жените и во помалите населени места и се фокусираме на превентивниот дел, бидејќи раната дијагноза на ракот на дојка спасува животи. Приоритет на оваа мамографија е таа да биде мобилна и по потреба ќе биде достапна и за жените од другите помали населени места“ објави министерот за здравство Беким Сали.

Мобилниот мамограф ќе може да достигнува до повеќе точки на РС Македонија со цел повеќе жени да можат да вршат редовни прегледи со цел превенција и рана дијагностика на ракот на дојка, која е пресудна во спасувањето на животот на заболените пациентки.

извор tribuna.mk/