Здружението “ДЕЛО“- Скопје, во рамки на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ на ден 31.01.2022 година до Основното јавно обинителство во Скопје, поднесе Кривична пријава против лицето Миленко Неделковски, по занимање новинар и тв водител, поради тоа што на ден 07.01.2022 година, на сопствениот youtube канал-Milenko Nedelkovski, направил видео запис под наслов „Татаро-монголите од Исток“ (се мисли на Република Бугарија и бугарскиот народ) при што самиот видео запис е полн со говор на омраза користејќи навредливи, непримерни и вулгарни зборови кон Р.Бугарија и бугарскиот народ. Линк до видео записот:



Понатаму на ден 19.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski објавил текст и фотографија при што напишал „Но затоа, истата фашистичка полиција на Оливер Спасовски не задржа и не викна на информативен разговор ниту еден од бугарските фашисти што пред некој ден маршираа низ Скопје“. Линк од објавата:
https://www.facebook.com/photo...


Потоа на ден 19.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski напишал текст со прилог фотографија „По мала, по сиромашка, по ружна канцеларија во Скопје не можеле да изберат. У ствари, разбирам Бугари се тоа“ (се мисли на канцеларијата на прес-клубот на Бугарската новинска агенција БТА). Линк од објавата:
https://www.facebook.com/photo...

 Пријавениот на ден 20.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski напишал текст со прилог фотографија „Од заедничката историја, издвојуваме: Како Бугарија им помагала на Турците да ги истребат комитите“. Линк од објавата:
https://www.facebook.com/photo...

И на ден 21.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski објавил линк од портал со наслов „Каде се златото и накитот, прашуваат роднини на загинатите во несреќата на автобусот на Беса Транс“ и притоа напишал текст „Па, у Бугарија е сообраќајката, бе!“. Линк од објавата:

https://www.facebook.com/photo...

Согласно горенаведеното, пријавениот свесно и со умисла шири говор на омраза кон Република Бугарија и бугарскиот народ за што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело - Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став (1) и кривичното дело - Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став (2) в.в со став (1) од Кривичниот законик на Република Северна Македонија