Се повикуваат навивачите кои ќе ги бодрат македонската А и бугарската А репрезентација на утрешниот натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, како и до сега, да им бидат поддршка на своите фудбалски миленици во текот на мечот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.

Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен.
Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот.

Воедно, праќаме информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.

Сепак овој натпревар е многу важен и од сосема друга причина. Како за Македонија така и за Бугарија
.

А таа причина е ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024 година во Германија. Имено на ждрепката која е закажна за 9 октомври, убаво ќе биде Македонија да се најде во четвртиот шешир или барабан, каде што сме и сега според последното рангирање на УЕФА.

Во случај на победа, може и со реми, но не е сигурно, Македонија сигурно ќе биде во четвртиот барабан, а пораз од Бугарија не носи во петтиот каде ќе си имаме проблем и тоа каков во квалификациите.

Среќно на двете репрезентации, нека победи подобрата.

Извор:https://sportmedia.mk/