На 21 мај оваа година во Велинград, Република Бугарија се одржа турнир за ММА и Џиуџицу каде „Нинџуцу“ клубот од Битола настапи со 6 сениори во две дицсиплини (ММА и Џиуџицу).

Од клубот информираат дека битолските борци демонстрираа добра подготвеност за овај турнир и со тоа остварија 6 шампионски места и тоа четири во ММА и две во Џиуџицу, четири сребрени медали и два бронзени севкупно и второ пласирана екипа во севкупен пласман.

Ова е турнир за искуство, како еден вид подготовка за професионалните ММА борби кои се очекуваат на есен и борбата за појас која ќе ја има Игор Додевски на GFC 9 во Република Србија.

Продолжуваме со следни активности и претставување на нашата Битола и Македонија, велат од битолскиот клуб.



Извор : https://tera.mk/%D1%88%D0%B5%D...