Претседателот на Бугарско-македонската стопанска комора Пламен Павлов и претседателот на Македонско-бугарската индустриска комора Кирил Лазаров на владите на двете земји ќе им презентираат ажуриран Патоказ за деловна соработка. Ова ќе се одржи во рамките на економскиот форум во Скопје на 7 декември, соопшти во понеделникот Бугарската трговско-индустриска комора. Како почеток, двете деловни организации ги здружуваат силите и развиваат заеднички пилот проекти од двете страни на границата.

Бизнис заедницата известува дека нема ниту една реализирана цел од претходниот Патоказ, кој им беше врачен на двете влади во јануари 2019 година на претходниот Економски форум во Скопје. Бизнис-заедниците од двете страни се незадоволни од политизацијата и повикуваат на промени.

Претставниците на Бугарско-македонската стопанска комора, која беше домаќин на форумот, разговараа за состојбата на билатералните деловни односи и подготовките за Економскиот форум во Скопје со членовите на делегацијата од Република Северна Македонија, предводена од амбасадорката Агнеза Руси Поповска.

Извор:https://vocentar.com/