На патеката во Плевен во рамките од бугарскиот национален шампионат во мотоциклизам се организираа третата и четвртата трка.

Учествуваше Христијан Бузалковски од Македонија кој успеа да оствари нови одлични резултати освојувајќи две први места.

– Изминатиот викенд се возеа две трки од Бугарскиот национален шампионат каде што настапивме јас и мојот тим! Скоро две години немавме возено на оваа патека и ни требаше малку време за да го вратиме чувството со патеката и да најдеме идеален „сет ап“ за трка!

Имавме одлични квалификации, (пол позиција), трката ја стартувавме од првото место и успеаме да го задржиме до крајот, иако имавме проблеми со суспензијата и не можевме да возиме со побрзо темпо сепак успеавме да бидеме први!

Втората трка стартував втор и уште од самиот старт знаев дека можам да го превземам водството, бидејќи го решивме „проблемот“ со суспензијата! Во вториот круг го превземав водството и со сигурно темпо успеав да завршам прв со 6+ секунди предност наспрема второпласираниот! – вели Бузалковски.

Сега Бузалковски и неговиот тим се подготвуваат за следната трка која ќе биде за две недели на патеката Серес во Грција.




Извор : https://www.slobodenpecat.mk/b...