Здружението “ДЕЛО“- Скопје, во рамки на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ на ден 23.02.2022 година до Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни и Медиумски услуги покрена Иницијатива за вршење на програмски (вонреден) надзор врз телевизија Канал 5 затоа што на ден 21.02.2022 година, во емисијата „Само вистина“, со водител Александар Видиновски, која се емитува на ТВ Канал 5, во 18.30 часот, гостинот Сашо Тасевски, по професија-актер, изнесе во јавноста низа зборови кои содржат елементи на говор на омраза кон Република Бугарија, бугарскиот народ и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов, со што свесно и со умисла во јавноста непосредно разгорува и предизвикува омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, што е спротивно на Уставот на Р.С.Македонија, член 4 од Законот за медиумите, во кој е пропишано дека е забрането емитување на содржини во медиумите со кои се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на националност, спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, спротивно на меѓународните правни акти ратификувани од Собранието на Р.С.Македонија кои се однесуваат на забрана на секаков вид на дискриминација и поттикнување на раздор и меѓуетничка нетрпеливост: Европската конвенциja за човекови права, Универзалната декларација за човекови права, Меѓународната повелба за граѓански и политички права и Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација на ООН.
Сакаме да потенцираме дека во текот на емисијата ниту водителот, ниту главниот и одговорен уредник post festum не се огласија со извинување или оградување од изјавите на гостинот Сашо Тасевски.
Во продолжение ги наведуваме по минута и секунда изјавите на гостинот Сашо Тасевски кои содржат елементи на говор на омраза кон Република Бугарија, бугарскиот народ и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, линк од емисијата:




- 13:40 мин, На констатацијата на водителот Александар Видиновски дека државата има голем проблем со Бугарија, практично ни е блокирана... следува негово прашање кон гостинот Сашо Тасевски, Да би имале Вие моќ сега да одлучување во државата што би направиле тогаш?
Гостинот одговара “...Она што 100 пати сум го рекол, тој нивни договор е фактички документ, документирани барања за некој нивни сон кошмар за Санстефанска Бугарија“

- 16:30 мин, “Значи под итно треба да се прекинат секои понатамошни преговори со Бугарија-број 1“, “Да се поништи тој договор што го имаме за т.н пријателство со Бугарите“, “Ако продолжат и тие навреди што доаѓаат од нивна страна, тој говор на омраза на национална основа, да се протера и бугарскиот амбасадор, конзул што е овдека...“

- 25:20 мин, “...И они на тоа се вадат, а што мислите зошто они тоа го измислиле пред години, години....го измислиле заради нивниот ген-империјалистички, да не употребам некој посложен, потежок збор...“

- 26:30 мин гостинот Сашо Тасевски констатира за бугарскиот народ наведувајќи: “Они се словенизирани азијати-монголи...“