Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење, а по претходно изјавената Претставка од Здружението ДЕЛО Скопје против лицето Јанко Бачев, заради ширење говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, при што Комисијата утврдува продолжено и повторено вознемирување врз основа на етничка припадност од лицето Јанко Бачев претседател на партијата Единствена Македонија со објавување на текстови со вознемирувачка содржина кон граѓаните на Р.С.Македонија од бугарска и албанска етничка припадноста на социјалната мрежа Фејсбук.




Како мерка Комисија предвидува ПРЕПОРАКА при што препорачува Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук да упати јавно извинување за текстот кој предизвика вознемирување врз основа на етничка припадност кое што извинување треба да го објави во рок од 30 дена од денот на приемот на ова мислење и препорака и за истото да ја извести Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во спротивно субјектот доколку не постапи по препораката, Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци по член 27 став 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Здружение „ДЕЛО“ Скопје