Лидл Бугарија ќе инвестира во Македонија објави градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓоргиевски, ви го пренесуваме неговиот ФБ статус по овој повод:

ЛИДЛ е заинтересиран да инвестира во Кисела Вода!
 

Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на ,,Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода.

Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регионален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија.

На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија.

Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината.

Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица. ?‍??‍?

Вреди да го споменам и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија.
#ЗаКиселаВода ✅

Линк до објавата: https://www.facebook.com/1Orce...