Нашиот најголем културен амбасадор Симон Трпчевски ја продолжува својата турнеја низ светот, која паузираше поради пандемијата.Тој настапи на 61-то издание на меѓународниот фестивал "Мартенски музикални дни" во Русе, Бугарија, заедно со диригентот Емил Табаков и Русенската филхармонија.


Македонскиот културно информативен центар во Софија информираше дека во концертот на нашиот маестро уживале претседателот на Бугарија, Румен Радев, на Собранието Никола Минчев и дузина други политички, уметнички, медиумски и дипломатски претставници. Симон Трпчевски имаше спектакуларен настап кој беше пропратен со ТРИ биса и овации од публиката.

Видео од бисот, секоја чест МАЕСТРО.