На први декември, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 21 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Засолниште во времето“ на бугарскиот писател Георги Господинов, во издание на „Или-Или“.

По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели доаѓа во Скопје, најавува организаторот.

Модератор ќе биде Дарин Ангеловски, а промоторки Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава, вели за најновиот роман на Господинов Сандро Веронези, автор на „Колибри“ и „Тивок хаос“, двоен добитник на Premio Strega.

„Ле Фигаро“ за книгата ќе напише:

Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално.

Извор:https://republika.mk/