Вчера вечер во Центар за култура Трајко Прокопиев Куманово беше отворена меѓународната изложба „Без дистанца“ која се реализираше помеѓу Центарот за култура Куманово и Националната галерија од град Русе, Република Бугарија. На изложбата свои дела изложија десетмина македонски и бугарски уметници.


„Изложбата „Без дистанца“ се реализираше со несебична поддршка од Културниот центар на Република Северна Македонија во Софија и Бугарскиот културно информативен центар во Скопје. Сигурни сме дека со оваа изложба можеме да ги развиваме нашите односи спрема двете земји на еден убав, поинаков начин, каде преку уметноста и културната соработка ќе се запознаваме и ќе допринесеме до идни заеднички соработки и прокети од културата“, велат од Центарот за култура Куманово.

На изложбата во Центарот за култура Куманово присуствуваа гостите од Република Бугарија и уметниците кои имаат свои дела од Република Северна Македонија меѓу кои: Жаклина Глигориевска Кочовска, Марија Величковска, Симона Јакимовска, Зоран Арсовски, Марјан Зингаров, Марија Трпеска, Трајче Блажески и Фехим Хусковиќ.

Извор:https://a1on.mk/