Државниот архив на Македонија и Државната агенција ,,Архиви” на Република Бугарија подготвија заедничка изложба насловена ,,Стари балкански фотографии” на која се прикажани архитектурата, народните носии, обичаите и занаетите од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век на балканските простори.

„Изложбата, што ќе трае десет дена и која ја подготвија експерти од двата Архива, е отворена во Музејот на Македонија од директорот на Државниот архив, Емил Крстески, неговиот бугарски колега, Михаил Груев и Јасмина Дамјановска, а обраќање имаше и амбасадорот на Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов“, се наведува во постот на Државниот Архив на Македонија на Фејсбук.

Државниот архив ја нагласува заложбата за афирмација на својата архивска документација врз основа на меѓународните програми за културна и научна соработка што е директно воспоставена со преку 20 архиви во Европа и светот.

„Оваа изложба го потврдува значењето на фотографијата, како важен историски извор на кој треба да му се посветува големо внимание во интерес на зачувувањето на нашата историја, култура и традиција”, нагласи директорот на Државниот архив, Емил Крстески.

Извор : https://novatv.mk/otvorena-izl...