Здружението “ДЕЛО“- Скопје, во рамки на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ на ден 04.03.2022 година до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе иницијатива за вршење програмски (вонреден) надзор врз телевизија Алфа, затоа што на ден 23.02.2022 година, во политичкиот магазин „ШТО НЕ Е ЈАСНО“, со уредник и водител Љупчо Цветановски, која се емитува на ТВ Алфа, гостуваше познатиот поет Ефтим Клетников, при што од неговата страна во текот на целата емисија беа искажани навредливи содржини, зборови, мислења и ставови, односно вокабулар кој ги содржи сите можни елементи на говор на омраза кон Република Бугарија, бугарскиот народ, вклучително и бугарите кои се граѓани на Република Северна Македонија, така што гостинот Ефтим Клетников во емисијата свесно и со умисла во јавноста непосредно разгорел и предизвикал омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, што е спротивно на Уставот на Р.С.Македонија, член 4 од Законот за медиумите, во кој е пропишано дека е забрането емитување на содржини во медиумите со кои се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на националност, спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, спротивно на меѓународните правни акти ратификувани од Собранието на Р.С.Македонија кои се однесуваат на забрана на секаков вид на дискриминација и поттикнување на раздор и меѓуетничка нетрпеливост: Европската конвенциja за човекови права, Универзалната декларација за човекови права, Меѓународната повелба за граѓански и политички права и Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација на ООН.
Сакаме да потенцираме дека во текот на емисијата водителот Љупчо Цветановски не само што не се огради од навредливите содржини и говорот на омраза изразен од гостинот Ефтим Клетников кон бугарскиот народ, туку напротив истиот го поттикнуваше, разгоруваше и се согласуваше со навредливите и шовинистички изјави на гостинот, му поставуваше тенденциозни прашања кои предизвикуваа ксенофобични одговори-цитираме „Зошто толку бугарите запнаа да влезат во македонскиот устав?“, “Врие ли кај народот?“ итн... а ниту главниот извршен и програмски директор во ТВ Алфа, господинот Јани Бојаџи не се огласи со извинување или со оградување од говорот на омраза и ксенофобичното поведение како пред се на водителот Љупчо Цветановски така и на гостинот Ефтим Клетников.
Во продолжение ќе ги наведеме најексплицитните изјави и ставови на гостинот Ефтим Клетников кои содржат елементи на говор на омраза и ширење на раздор и нетрпеливост кон Република Бугарија, бугарскиот народ и бугарите кои се граѓани на Република Северна Македонија:
•“...Фашистичка идеологија која не е од вчера, бугарите имаат проблем со нивниот идентитет, тие се татаро-монголи, прабугарскиот идентитет е татаромонголски...“
•“...Владата работи за бугаризација на Македонија...“
•“...Комплексирана бугарска глава што се вели...“ (Тука гостинот мисли на бугарскиот премиер Кирил Петков),
•“...Таму имаше еден владика Партениј, па тој го прими таму Радев, Борисов, тој манастир стана еден вид бугарско легло...тој Партениј отворено се залага за бугарската кауза, тој кажа дека нашата црква треба да ја бара својата мајка во Бугарија и да се потпира на бугарскиот устав, игнорирајќи го македонскиот устав...“
•“...Бугарите тоа го имаат запишано со златни букви дека ние сме молеле, нашиот Синод, да ни помогнат да не примат, да ни дадат цицка да цицаме млеко како недораснати...“
•“...Владиката Тимотеј не реагираше на тоа што доаѓа Румен Радев во едно свето место каде што не треба тој да стапне да го гнаси тоа место...“
Со оглед на фактот дека согласно член 2 став (1) алинеја 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, целта на законот е поттикнување, унапредување и заштита на културниот идентитет, јазикот и традицијата на заедниците во Република Македонија, почитување на културните разлики, поттикнување на културата на јавен дијалог меѓу граѓаните со цел да се зацврстува заемното разбирање и толеранција за унапредување на односите меѓу различните заедници, а во конкретниот случај во политичкиот магазин „ШТО НЕ Е ЈАСНО“ на ТВ Алфа, во смисла на член 48 став (1) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, беа изнесени содржини со кои се поттикнува, шири дискриминација, нетрпеливост, омраза врз основа на потекло, национална и етничка припадност, јазик, државјанство, од кои не се огради ниту уредникот и водител, ниту главниот извршен и програмски директор во ТВ Алфа со што грубо се повредени и начелата од член 61 став (1) алинеи 3, 6, 7, 8 и 9 од истиот Закон, како што се: Начелото на поттикнување на духот на толеранцијата, заемното почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло, Начело на поттикнување на меѓународно разбирање и соработка, Начело на отвореност на програмите за изразување на различните култури што се составен дел на општеството, Начело на зачувување и негување на националниот идентитет, јазичната култура, Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка “ДЕЛО“ Скопје, покренува иницијатива Агенцијата да изврши програмски (вонреден) надзор во ТВ Алфа, политички магазин „ШТО НЕ Е ЈАСНО“, согласно одредбите од член 27 став (1), став (2) алинеја 2 и став (4), а во врска со член 28 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на начин што ќе изготви писмен извештај и согласно горенаведените повреди на одредбите од материјалниот закон и Законот за медиумите, Советот на Агенцијата да донесе решение со кое ќе изрече јавна опомена во смисла на член 23 став (2) в.в со став (1) алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Линк: