ПОДНЕСЕНA ПРЕТСТАВКA ДО КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ПРОТИВ САШО ТАСЕВСКИ


Здружението “ДЕЛО“- Скопје, во рамки на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ на ден 04.03.2022 година до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од наша страна е поднесена претставкa против лицето Сашо Тасевски-по професија актер, затоа што на ден 02.02.2022 година, во 22:07 часот, на сопствениот фејсбук профил, постирал содржина (фотографија-Българките в топ 10 по курварлък), при што на постот напишал текст “Ви честитаме од срце за успехот. Е на ова поле делиме заедничка историја. На некој начин и ние помогнавме за вашиот висок пласман. Не беше многу одамна.“

Линк: https://www.facebook.com/photo...

Со овој пост, допринел да има над 938 допаѓања и над 20 споделувања, со што поттикнал лавина од шовинистички, ксенофобични и дискриминаторски коментари од подбивачки карактер спрема граѓаните на Р.С.Македонија кои се чуствуваат за бугари, како и спрема Р.Бугарија и бугарскиот народ.
Понатаму, пријавеното лице на ден 03.02.2022 година, во 08:22 часот, на сопствениот фејсбук профил напишал текст со содржина “Да сме држава, до сега Ѓаолот од манастирот Бигорски ќе беше во затвор за ширење големобугарска пропаганда. Вие од Синодот, живи сте? Има некој таму? Зошто не реагирате на бугарашот во вашите редови? Зошто го толерирате додека ја труе младината со бугарска пропаганда? Чија црква сте вие? Македонска или бугарска?“.

Линк: https://www.facebook.com/sasho...

Овој пост, кој се однесува директно на Владиката Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски, има над 774 допаѓања и над 19 споделувања, така што пријавениот Сашо Тасевски поттикнал под неговиот пост да има многубројни коментари од шовинистички, ксенофобичен и дискриминаторски карактер како спрема граѓаните на Р.С.Македонија кои се чуствуваат за бугари, така и спрема Владиката Партениј, односно истиот поттикнал нетрпеливост и раздор во МПЦ-ОА, но и општо шовинистички, сегрегациско - дискриминаторски коментари од верски карактер.
Пријавеното лице на ден 07.02.2022 година, во 20:20 часот, на сопствениот фејсбук профил напишал текст со содржина “Ѓоргиев е изгледа кукавичкото јајце подметнато во комисијата за историја. Почна со бугарисуење, не издржа кутриот. За него Бугарија не била фашистичка држава туку профашистичка, во смисла, не биле фашисти ама му намигнувале на фашизмот. Тоа значи дека Бугарија им организирала транспорт со воз на Евреите од Македонија до Треблинкане не зашто сакале да бидат ликвидирани таму, туку само за да им олеснат да не одат пешки до гасните комори. Фактички само им го олесниле патот до оној свет. Не знам Евреите овде што им ќутат на Бугарите? Виктор Мизрахи, ако го читаш ова, што им ќутите бе друже? ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА јавете се. Објаснете им на нашиве копуци продадени колку Бугарите не биле фашисти. Ѓоргиев го знаеш фудбалерот Ајдеми Попуши? И стоти пат, престанете да преговарате со Бугарите. Таа ревизија на историјата кои они ја бараат може да доведе до големи страдања во цела Европа. Тоа е великобугарско шовинистичко лудило. Растурете ја комисијата и дај станете еднаш со двете нозе на земја.“

Линк: https://www.facebook.com/sasho...

Со овој пост, кој се однесува директно на проф. д-р Драги Ѓоргиев, ко-претседавачот од македонска страна на заедничката историска комисија со Бугарија и на господинот Виктор Мизрахи-претседател на Еврејската заедница во Македонија, има 546 допаѓања и 10 споделувања, така што пријавениот Сашо Тасевски поттикнал под неговиот пост да има многубројни коментари од шовинистички, ксенофобичен и дискриминаторски карактер спрема граѓаните на Р.С.Македонија кои се чуствуваат за бугари, така и спрема проф. д-р Драги Ѓоргиев, односно истиот поттикнал нетрпеливост и раздор од верски карактер.
Понатаму на ден 17.02.2022 година, пријавениот Сашо Тасевски на својот youtube канал „COMEDIA MACEDONIA“, прикачил аудио-визуелен запис со наслов “ЕДНО Б'ЛГАРСКО НАЦИ, ВО ГАЗЕ ДА МЕ БАЦИ!!! Во самиот аудио-визуелен запис преовладуваат дискриминаторски, шовинистички и ксенофобични зборови по основ на етничка припадност дека бугарите го мразат македонскиот народ, во втората светска војна го мачел нашиот народ, ги собрал и депортирал македонските евреи во логорите на смртта во Германија и Полска, дека бугарскиот народ издавал бугарски пасоши за дебели суми пари, дека претставниците на бугарската власт имаат геноцидни и територијални претензии кон Македониј итн...

Линк:
На ден 21.02.2022 година, во емисијата „Само вистина“, на ТВ Канал 5, во 18.30 часот, пријавениот Сашо Тасевски, изнесе во јавноста низа зборови и ставови кои содржат елементи на говор на омраза кон Република Бугарија, бугарскиот народ и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, н.е Ангел Ангелов, со што свесно и со умисла во јавноста непосредно разгорел и предизвикал омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност.

Линк:
;t=4s

;t=2s
Со горенаведените дејствија лицето Сашо Тасевски по професија актер сторил директна повторена дискриминација во смисла на член 8 став (1) в.в со член 4 став (1) точка 11 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, врз основа на потекло, национална и етничка припадност, конкретно кон граѓаните на Р.С.Македонија со бугарско национално самосознание, така што истиот ги дерогирал одредбите за заштита на основните човекови права и слободи загарантирани со Уставот на Р.С.Македонија, меѓународните правни акти ратификувани од Собранието на Р.С.Македонија кои се однесуваат на слободно изразување на националната и етничка припадност како што се: Европската конвенциja за човекови права, Универзалната декларација за човекови права, Меѓународната повелба за граѓански и политички права и Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација на ООН.