Рилскиот манастир се наоѓа во југозападниот дел на Република Бугарија во планината Рила. Бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски. Св. Јован Рилски Чудотворец (бугарски: Свети Иван Рилски Чудотворец ) — бугарски светец. Тој се смета за покровител на бугарскиот народ, патрон и основач на најголемиот манастир во Бугарија - Рилскиот манастир, но и за Патронот на бугарските будители.Уништен од пожар во почетокот на 19 век, комплексот бил повторно изграден помеѓу 1834 и 1862 година.

Рилскиот манастир од 10 век сè до 1557 г. е во диецезата на Охридската архиепископија. Од 1557 до 1767 година е под јурисдикција на Пеќката патријаршија, од 1767 до 1870 година под управата на Цариградската вселенска патријаршија, дури од 1870 година е под Бугарската егзархија (од 1953 БПЦ).

Овој манастир е еден од културните споменици на Бугарија и е вклучен во списокот на УНЕСКО од 1983 година. Како национален музеј на Бугарија бил прогласен во 1961 година. Манастирот е прикажан на бугарската банкнота од 1 лев.

извор rilskimanastir.org/ , mk.wikipedia.org/wiki/...