На свеченото отворање на новите простории на Културно-информативниот центар на улицата Вапцаров бр 6 ќе допатува делегација од Бугарија, предводена од министерот за култура.

Бугарскиот културен центар во Скопје, кој сега функционира во рамките на амбасадата на Република Бугарија на улица Петар Поп-Арсов бр 14-а во Скопје, утре се сели во нови простори на улица Никола Јонков Вапцаров, број 6.

Новите простории на клубот ќе бидат свечено пуштени во употреба во 12:45 часот, а по тој повод во Скопје ќе допатува делегација од Бугарија предводена од министерот за култура на Република Бугарија Велисав Минеков.

Oва е државен клуб со официјално име Културно информативен центар на Република Бугарија во Скопје. Тој е отворен пред неколку години врз основа на меѓудржавна спогодба на двете земји од 18 април 2003 година. Оваа спогодба е потпишана од тогашната министерка за култура на Република Македонија Ганка Цветанова и тогашниот министер за надворешни работи на Бугарија Соломон Паси.

Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје располага со библиотека, читална и салон за одржување културни настани, промоции, изложби и филмски проекции.

Извор:https://plusinfo.mk/