Софија е главен град на Бугарија и е главниот административен , економиски и културен центар на земјата. Софија го носи името на доцно античката катедрала на градот “Света Софија” , а бидејќи Светата маченица Софија е мајка на Верата, Надежта и Љубовта, празникот на светиците е 17 септември, се слави како денот на Софија,а исто така се слави и 4 јануари, кога 1878 година градот е ослободен од турско владеење. Старото име на градот е Сердика. Во моментов, во градот има население од 1.250.000.

Предлог места за посета:
На следниов линк може да ги погледнете локациите на позначајните знаменитосити на Софија: https://drive.google.com/open?...


    Катедралната Црква Александар Невски.  http://www.cathedral.bg/en/hom... По големина втора најголема катедрала на Балканот со капацитет од 5,000 луѓе. Почната е со изградва веднаш после ослободувањето на Бугарија од турското ропство во 1882 година. Таа е и катедрала на Бугарската Патријаршија. Посветена е на рускиот светец Александар Невски и сите руски војници загинати во Руско-Турската војна за ослободвуање на Бугарија.
    Влез е слободен. 


    Црквата Св. Ѓорѓија - Родонда се смета за најстарата црква во Софија, изградена во IV век од нашата ера. Ранохристијаската црква Св. Ѓорѓија се наоѓа во срцето на Софија, близу Председателската палата и Националниот археолошки музеј. Ја препорачуваме за посета заради зачуваните фрески од 10ти век, целокпната архитектонска автентичност. За време на турското вледеење црквата била претворена во џамија. Денес црквата е под заштита на УНЕСКО.


      Булевар "Витоша". Најживата, најпосетуваната улица како од локалното население така и од туристите. Со многу продавници, кафетерии, ресторани... и со секогаш прекрасен поглед кон планината Витоша. Направете слика со "Щастливеца" еден од најпознатите Бугарски автори - преродбенци кој во своите дела ја изразли својата љубов кон градот Софија, Витоша...


        Црквата "Св. Софија" една од најстарите цркви во градот, која датира од IV век од нашата ера. По црквата "Св. Софија" и градот го добил името во 14ти век.


          Црквата "Бојана" http://www.boyanachurch.org/ga... изградена во повеќе етапи почнувајќи од X век. Црквата е под заштита на УНЕСКО.
          Се наоѓа на падините на планината Витоша. Црквата вреди да се посети заради зачуваниот фреско-живопис. Слободен влез секој Понеделник. Влезница во другите денови е 5 еур.


            Планината Витоша. Највисокиот врв е Черни Врх 2290 м надморска висина. Пружа можност за многу прошетки низ планината, многу патеки кои се добро обележани, можност да се искачите до највисокиот врв , делумно со жичарата која поаѓа во близина од Софија Ring Mall. https://www.vitoshaski.com/lif... Преку зимата нуди и можност за скијање иако нема хотели со повисока категорија.


              Археолошки музеј http://naim.bg/en/content/cate...
              Музејот се наоѓа во некогашната џамија од турскиот период. Лоциран е во центарот на Софија. Содржи богата колекција на статуи, накити, керамика од различни период од историјата на Бугарија. Тука се изложени и златните маски и артефакти најдени во село Требеништа, Охридско. Влезница 5 еур (инфо Јануари 2020)


                НДК - Националната палата на културата. Изградена во 1981 од Људмила Живкова, ќерката на Тодор Живков (некогашен председател на Бугарија) е конгресна, изложбена сала, една од најголемите во Југо-источна Европа. Доминира со специфичната градба и големина и е еден од симболите на градот.


                  Театарот "Иван Вазов" https://www.nationaltheatre.bg... . Вреди да се посети само заради нејзината екстравагантна барокна надворешност. Изграден од Виенски архитекти во 1909 година. Во близина е и мал парк со многу улични музичари, изведувачи... Секако доколу имате време препорачуваме и да присутвувате на некоја представа.


                    Лавов и Орлов мост 


                    Борисова Градина - Најголемиот парк во центарот на Софија. Нуди можмност за бегство од динамичната Софија, можност за прошетки, одмор...
                    Тука се наоѓа и стадионот на фудбалскиот клуб Левски. Еден од двата клуба на градот (другиот е ЦСК).


                    Музеико http://muzeiko.com/bg Предлог за фамилии. Научен центар на површина од 2000м2. Професионални аниматори на интересен и интерактивен начин ќе ви понудат интересно поминато време со вашите деца (и за возрасни)... 


                    Синагогата https://www.sofiasynagogue.com... Во склоп на Синагогата се наоѓа музеј посветен на Евреите од Бугарија.


                    Џамијата Бања Баши. https://www.grandmufti.bg/bg/g... Лоцирана во центарот на Софија, во близина на Синагогата. Еден од најипресивните споменици од Отоманската кулутра. Дизајнирана од еден од најпознатите архитекти во Отоманската империја Мимар Синан. Завршена е со изградба во 1566 година. Името Бања Баши значи - многу бањи - нешто по кое Софија е и ден денес позната - мноштвото природни минерални извори. 


                    Музејот-парк Врана. http://www.park-vrana.com/ Бјгарскот Лувр, дворецот на Бугарскиот Цар Симеон II кој бил цар на Бугарија од 1943-1946. Отворен за посета само во викендите.


                    Минералните извори во центарот на Софија и зградата на некогашните бањи. http://www.sofiahistorymuseum.... Зградата воодушевува со својата архитетура во која се испрелетени повеќе стилови. Денес зградата не функционира како бања туку во еден нејзин дел е Регионалниот Историски музеј на градот.
                    Во близина на зградата и ден дене има извори со топла минерална вода, која Софијанци ја користат за пиење.


                    Скулптурата на Св. Софија заштитничка на градот


                    Остатоците од Римскиот град - Сердика, во центарот на Софија. Видливи под нивото на модерна Софија. Ќе видите остатоци од главните римски улици, афитератарот...


                    Националната уметничка галерија https://nationalgallery.bg/ 


                    ЦУМ - Во времето на кумонизот најпопзнатиот шопинг молл за работничката класа. И денеска функционира како шопинг центар.


                    Зоолишка градина Софија. http://zoosofia.eu/






                      Извор: http://www.odisea.mk/index.php...