Во паркот „Македонија“ во Благоевград, Бугарија, беа посадени стотина jапонски цреши, пет од нив се посветени на големата балканска ѕвезда и хуманитарец македонскиот пејач Тоше Проески. Иницијативата за оформување на паркот со цреши во Благоевград е на Вики Андонова од здружението „Кауза Благоевград“, со поддршка од Американскиот универзитет во земјата и на Општината на гардот, на чело со градоначалникот Илко Стојанов.

Цреши во чест на Тоше Проески посади македонскиот глумец и музичар од Виница, Игор Дамјанов, кој веќе неколку години живее во Бугарија. Тој купи пет дрвја со сума од 1.225 лева, собрани лани на вечерта посветена на Тоше Проески, која ја организираа неговите обожаватели во Бугарија. Во садењето му се приклучи Оксана Рујаноска од Благоевград, која посади дрво заедно со својот сопруг Пеце Рујаноски, кој е од родниот град на Тоше, Крушево.

– Ова ни беше сон уште одамна, во Благоевград да има парк со црешови дрвја, што за нас, обожавателите на Тоше, ќе биде тајно место, според песната на Тоше – „Сикрет плејс“. И ете, не ни претпоставувавме дека тоа ќе биде токму во паркот што го носи името „Македонија“ – вели Оксана Рујаноска, пренесува Нова Македонија.

Извор: https://tribuna.mk/vo-blagoevg...