Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди на официјална прес-конференција ги споделија своите очекувања за утрешниот натпревар против Бугарија во Разград на отворањето од новото издание на Лига на нации.

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:

„За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена, а единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. Баражите одамна се зад нас, секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери.

Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот.

Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме“.

Енис Барди - капитен на македонската А репрезентација:

„Имаме искуство, подготвени сме да играме паметно и кога сме фаворити. Имаме победнички менталитет. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот.

Чест ми е да сум капитен, но секогаш велам дека сите сме капитени и сите во одредени моменти можеме да дадеме дополнителна вредност. Успехот на селекцијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“


„Се собравме по подолго време и имаме одредени проблеми, но мислам дека ги решивме. За тоа како ќе играме, веќе решивме. Фудбалот е спорт, фудбалот е игра и треба да не спојува. Јас не сум политичар и нема да кажам ништо за проблемот меѓу двете држави. Се надевам на фер-плеј, максимално го респектирам противникот и ако Македонија е фаворит, тогаш нема проблем…Утре се игра натпреварот, а ние сакаме да победиме“, изјави селекторот на Бугарија, Јасен Петров.


Емил Костадинов, некогаш славниот репрезентативец на Бугарија, e човекот кој на “Паркот на Принцовите“ во 1993 година со гол во 90. минута ја „расплака“ Франција а ја однесе својата селекција на СП во САД 1994 година.

Сега Костадинов е еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а во пресрет на мечот со Македонија имаше свое видување…

“Според мене ова е тешка група, Бугарија, Македонија, Грузија, Гибралтар. Секако дека ќе биде тензично, па затоа с
о нетрпение чекам да почнат натпреварите во Лигата на Нации. Мислам дека имаме квалитет да ја победиме Македонија на првиот меч кој се игра во Разград“ изјави Костадинов за бугарските медиуми.


Нека победи подобриот. Кој и да победи, секако ќе се слави.

Среќно


Извор : https://ffm.mk/  https://makfudbal.mk/selektoro...