За нас

 
 
 
 
 
 

ЗА НАС

 
Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка “ДЕЛО“ Скопје, е основано на 28.02.2021 година.

Согласно статутот, главни цели на здружението се:
 
 
 
 
 
 
 
Здружение “ДЕЛО” Скопје
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

01

 
Заложба за воздигнување на достоинството и духовните вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, без разлика на нивната етничка, јазична, верска, политичка, полова, социјална и друга припадност.
 
 
 

02

 
Заложба за правна држава, доследно спроведување на законите и правните процедури и самостојност во одлучувањето на судовите.
 
 
 

03

 
Слобода на говорот и печатот, спротивставување на секаков вид политичко туторство врз новинарството, цензурата и интервензионизмот во новинарските прилози.
 
 
 

04

 
Помагање и почитување на правата на сите граѓани и спротивставување на какви било изрази на говор на омраза, нетолеранција, шовинизам, сегрегација и стигматизација врз основа на полова, расна, етничка, јазична и верска основа.
 
 
 
 
 
 
 

05

 
Иницијативи за градење на пријателство и добрососедство со сите соседни држави.
 
 
 

06

 
Популаризациja на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
 
 
 

07

 
Секаква помош во аспирациите за зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија и запознавање на граѓаните со ЕУ институциите и нивното значење за Република Северна Македонија.
 
 
 

08

 
Градење на политики за обезбедување на рамноправност на граѓаните за слободно изразување и застапување на идеолошки, политички, национални, верски и други ставови.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ресурси

 
 
Публикации и останати ресурси поврзани со злосторства од омраза.
 
 
 
 

Пресуди и одлуки во врска со говорот на омраза од судската пракса на Европскиот суд за човекови права